На средбата одиграна попладнево, дуелот на македонските претставници во АБА конкуренцијата им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои со 77-62 го совладаа тимот на АВ Охрид.

Дамјан Стојановски со 19 и Бојан Трајковски со 15 поени беа најефикасните играчи во победничката екипа.

МЗТ за кој ова беше седма победа во домашното првенство, полуетапата ја завршува петтото место со 17 бодови, еден помалку од Куманово и Гостивар, но аеродромци ќе треба да го одиграат и заостанатиот меч од 11.коло против Пелистер.

Табела: Работнички 22 бодови, Блокотехна 20, Куманово 18, Гостивар 18, МЗТ Скопје 17, Фени Индустри 17, Карпош Соколи 16, АВ Охрид 16, Кожув 14, Шкупи 13, Пелистер 12, Струмица 12.

Ова беше и последниот меч во мак-баскетот во 2017-тата година,по што следува пауза до 13 јануари за кога е закажан стартот за вториот дел од сезоната./МИА

Датум на објава: понеделник, 25 декември 2017 во 20:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар