Овој пат НБА ѕвездата одлучи да ги промовира своите ставови преку патиките, така што тој на дуелот со Вашингтон одигран ноќеска истрча во патики со различни бои (црна и бела), симболизирајќи ги различните бои на кожата.

На неговите патики јасно беше видлив зборот „еднаквост“.

Леброн со трипл-дабл ефект – 20 поени, 15 скока и 12 асистенции го предводеше својот Кливленд Кавалиерс до нова победа (106:99). 

Датум на објава: понеделник, 18 декември 2017 во 12:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар