Хиршер по двете трки имаше вкупно време од 2:25,42 минути, што беше за 1.секунда и 70.стотинки подобар резултат од второ пласираниот Хенрик Кристоферсон од Норвешка. Третото место му припадна на Словенецот, Жан Крањец.

За Светскиот првак во велеслалом, Хиршер ова е петта победа во низа на патеката во Алта Бадија, што претставува е рекордно достигнување.

Австриецот заедно со Аксел Лунд Свиндал го делат првото место во генералниот пласман за Светскиот куп со освоени 374 бодови./МИА

Датум на објава: недела, 17 декември 2017 во 19:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар