Првиот натпревар се игра во Букурешт во вторник, а „црвено-црните“ денеска со автобус заминаа за главниот град на Романија.

Вардарци според планот треба да оджат два тренинзи во Букурешт, еден вечерва, а вториот утревечер на „Националната Арена“ каде и ќе се игра натпреварот.

Според најавите од таборот на нашиот шампион и зборовите на тренерот Благоја Милевски од петочната прес-конференција „црвено-црните“ ќе се обидат да ја повторат добрата игра од гостувањето лани во дуелот БАТЕ Борисов во Белорусија. Но, сепак се свесни дека романскиот противник е тим со многу поголем буџет и тим кој оваа сезона има цел да настапува во групната фаза од Лигата на шампионите.

Датум на објава: недела, 14 јули 2013 во 12:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар