Томислав Јотовски и натаму е најдобро рангиран со 52 поена се наоѓа на 567 место (скок едно место). Димитар Грабул со 2 поена е на 1.443 место (скок четири места), Бесир Дургути со 1 поен е на 1.853 место (скок три места) и Стефан Мицов има 1 поен - 1.905 место (скок 13 места).

Горазд Србљак е единствениот кој оваа недела го „расипа“ својот пласман и има пад од 184 позиции и се наоѓа на 1.603 место. 

Од тенисерките Лина Ѓорческа и покрај тоа што поради повреда не настапува подолг период остана на истото место - 276-та на ВТА листата со 194 поени, додека Магдалена Стоилковска е на 1.059 место со 7 поени (пад за едно место). Ѓорческа во конкуренција на двојки е на 312 место со 198 поени (скок од едно место на ВТА листата). /МИА 

Датум на објава: понеделник, 11 декември 2017 во 21:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар