Ова беше 9.ти триумф во низа за „ракетите“ и сега имаат најдолга серија победи и воедно се тим со најдобар скор во лигата 20-4 (победи-порази). Хјустон во последната четвртина (40:19) одигра без грешка и негативата од 84:98 ја претвори во победа. Џејмс Харден постихна 48 поени кај победникот, а Дамиан Лилард 35 за Портланд.

Со кош на 1.2 секунда до крајот Лоу Вилијамс на својот тим ЛА Клиперс му донесе победа над Вашингтон, а тојдуелот го заврши со 35 поени.
Од фаворитите победи ноќеска остварија Кливленд над Филаделфија 105:98 и Сан Антонио на гости кај Феникс 104:101.

Датум на објава: недела, 10 декември 2017 во 10:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар