На пријателска средба во Банкок Манчестер Јунајтед со 1-0 е поразен од тимот на нашиот репрезентативец Марио Ѓуровски Синг ол Стар од Тајланд .
Црвените ѓаволи во Банкок го загубија првиот меч одигран без големиот Сер Алекс Фергусон , легендарниот  шкотски менаџер  27 годни мина на  клупата на тимот од Олд Трафорд .

Единствениот гол на пријателската средба одиграна во Банкок беше постигнат во 50 минута со кој тимот на Ѓуровски, Син гол Стар го доби големиот Манчестер Јунајтед со 1-0.
Foto: Tanjug/AP
Нашиот повремен репрезентативец Марио Ѓуровски го одигра целиот меч и беше еден од поистакнатите фудбалери во победничкиот тим.

Инаку Манчестер Јунајтед турнејата по Далечниот Исток ја продолжува во Сиднеј каде на 20 јули ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на асвтралиската лига.

Датум на објава: недела, 14 јули 2013 во 11:21
Крсте Галевски

коментари

остави коментар