Таа доминација секогаш се преточува и со избор на некој ракометар и нормално на тренер. Така вардаровиот тренер Раул Гонзалес и пивотменот Михајло Марсениќ се дел од „идеалниот тим“ во СЕХА лигата за изминатиот месец, ноември.

Со најдобрите седум се и двајца ракометари на ППД Загреб, Жарко Марковиќ - (десен бек) и Стипе Мандалиниќ (лев бек), односно средниот бек на Нексе, Саша Баришиќ - Јаман, како и крилата Нико Медвед (Горење) и Бруно Буторац (Татран), а тимот го комплетира голманот на Целје, Алјаз Пањтар.

Во последниот месец од годината, во СЕХА лигата ќе се одиграат уште три кола, во кои ќе го проследиме и второто македонско дерби меѓу Вардар и Металург меч кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во сабота , 9 декември./МИА

Датум на објава: понеделник, 04 декември 2017 во 20:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар