Белгија поведе во финалето откако Давид Гофин го победи Лука Пуил со 3-0 во сетови (7:5; 6:3 и 6:1 во гемови) за два часа игра.

Резултатот го изедначи „првиот француски рекет“ Жо – Вилфред Цонга, кој без проблеми со 3-0 во сетови го победи Стив Дарси. Притоа на ривалот Цонга му препушти шест гема (6:3; 6:2 и 6:1 во гемови). Мечот траеше 1 час и 45 минути.

Mечот во двојки ќе се одигра утре, а за Франција се пријавени Ришар Гаске и Пиер Уго Ербер, додека за Белгија треба да играат Рубен Белеманс и Јорис де Лор. Селекторите сепак на еден час пред почеток на мечот можат да направат промена.

В недела се предвидени да се играат двата сингл меча, а во првиот ќе играат Цонга против Гофин, кои денеска постигнаа победи.

Финалето се игра на стадионот „Пиер Моро“ во Лил, а го гледаа 25.813 гледачи. /MИА

Датум на објава: петок, 24 ноември 2017 во 20:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар