Данците синоќа во Даблин предводени од Кристијан Ериксен, полесно од очекувањата изборија учество на Светското првенство. На првата средба во Копехаген резултатот беше 0:0.
Ирците поведоа во 6. минута преку Шон Дафии и тоа е се што направија на овој дуел. Следуваше канонада кон нивниот гол. Најпрво Андреас Кристенсен во 29. минута изедначи, а потоа Ериксен погоди три пати (32, 63 и 74. минута). Конечниот резултат го постави Никлас Бентнер во 90. минута.
Денеска ќе се знае претпоследниот патник на Мундијалот во Русија. Од 10 часот играат Австралија – Хондурас (0:0 прв натпревар).
Последниот учесник на шампионатот ќе биде познат вечер по полноќ по средбата Перу – Нов Зеланд (0:0 прв дуел)./МИА

Датум на објава: среда, 15 ноември 2017 во 08:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар