- Секако дека ќе останам селектор. Давор Шукер (претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска) ми понуди договор и пред реваншот со Грција, но прво сакав да ја завршам работата. Сакам да ја водам Хрватска во Русија, но и во циклусот квалификации за ЕУРО 2020, изјави Далиќ.

Во дебито на клупата на Хрватска, Далиќ ја победи Украина на гости, а потоа дома ја совлада Грција во првиот бараж дуел со 4:1 со што беше најавен пласманот на Светското првенство. Во реваношт во Атина Хрватска одигра 0:0, што беше доволно за настап на ново големо натпреварување на хрватската репрезентација. 

Датум на објава: вторник, 14 ноември 2017 во 21:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар