Палермо објави дека го продолжи договорот со Несторовски до 30 јуни 2021 година, а задоволството од продолжување на соработката искажа и македонскиот фудбалер.
- Среќен сум во Палермо, клубот кој ми даде чест да бидам капитен на тимот. Сакам да помогнам Палермо да се врати во Серија А, изјави Mакедонецот.
Несторовски во Палермо дојде од Интер Запрешиќ (Хрватска) и се истакна со своите игри. Тој е главен адут на клубот во обидот да се врати во елитата. 

Датум на објава: понеделник, 13 ноември 2017 во 13:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар