Шведските играчи одиграа одличен прв натпревар и остварија предност (1:0), но легендата на италијанскиот фудбал, Џанкарло Антоњони верува дека Азурите ќе ја надоместата негативата.

- На натпреварот во Стокхолм, немаше среќа. Резултатот од 1:0 не е недостижен и можеме да ги свртиме работите на наша страна. Италија на „Сан Сиро“ ќе игра поофанзивно, но при тоа мора да биде внимателна во одбраната, истакна Антоњони.

Реваншот меѓу Италија и Шведска се игра утревечер во Милано со почето во 20 часот и 45 минути. МИА

Датум на објава: недела, 12 ноември 2017 во 16:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар