Македонија до 19 години за првпат во својата историја ќе игра елитни квалификации за пласман на Европско првенство.

Младите фудбалери предводени од Вујадин Станојковиќ одиграа одличен натпревар против фаворитот. Белгиските фудбалери подобро го отворија натпреварот, по десет минути веќе имаа предност од 1:0, но во продолжението нашите репрезентативци беа подобар противник и заслужено триумфираа.

Стрелци на головите за Македонија беа Елиф Елмас (24.минута) и Јани Атанасов (87), за гостите погоди Дам Фулон во 10.минута.

Пред финишот Белгија остана и со играч помалку затоа што, поради остар старт беше исклучен Верстрате. /МИА

Датум на објава: сабота, 11 ноември 2017 во 17:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар