Евра е казнет поради физички напад врз навивач на дуело од четврто коло во Лигата на Европа со Виторија Гимараеш.

Суспензијата ќе му истече во јуни следната година, истиот месец кога неговиот договор со францускиот клуб ќе завршеше.

Покрај суспензијата, Евра е казнет и со 10.000 евра.

Фудбалерите на Олимпик Марсеј беа исвиркани од своите навивачи на загревањето пред натпреварот со португалскиот клуб пред една недела.

Францускиот играч потоа им пристапи, а потоа имаше конфликт со еден гледач, така што беше суспендиран пред да почне натпреварот. /МИА

Датум на објава: сабота, 11 ноември 2017 во 16:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар