Во заостаната натпревар од 2.коло на африканската зона, фудбалерите на Сенегал на гости ја совладаа Јужна Африка со 2-0.

Фудбалерот на Вест Хем, Диафра Сако во 13.минута, му донесе предност на Сенегал од 1-0, додека вториот гол беше практично дело на домашниот фудбалер Мкхизе кој во 38.минута си постигна автогол.

Со оваа победа репрезентација го осигура првото место во Д групата и обезбеди пласман на Мундијалот во Русија. Сенегал е само третата земја од африканскиот континент која се пласира на Светското првенство. Пред неа тоа го сторија Нигерија и Египет.

Остануваат уште две слободни места за земјите од Африка.

За едно во директна пресметка ќе се борат Брегот на слоновата коска и Мароко во меч кој ќе се игра утре, а кој ќе реши која од овие селекции ќе ја освои првата позиција во Ц групата.

Кој ќе биде прв во А групата останува да се види по утрешните мечеви во кои Тунис ја пречекува Либија, а ДР Конго е домаќин на Гвинеја. Во пресрет на овие натпревари Тунис има три бодови повеќе од конкурентот ДР Конго. /МИА

Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 22:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар