Ситуацијата се обиде да ја смири капитенот Џанлуиџи Буфон.

„Италија мора да избори пласман на СП. Без сомнение дека овој натпревар, ако заврши добро, ќе ми донесе многу среќа, па затоа не сакам да размислувам за алтернативи“, изјави на вообичаената прес-конференција пред мечот Буфот.

Легендарниот голман кој наскоро ќе полни 40 години, најави дека кариерата планира да ја заврши со настапот на Мундијалот во Русија. Сепак тој предупреди и дека, противникот ќе биде многу тешко.

„Дополнителните квалификации се необични, бидејќи ние долго не сме играле во нив. Тоа е можност за нас или за нив да се пласираат на многу посакуваното натпреварување. Швеѓаните без Ибрахимовиќ? Па, сигурно се многу по одговорни“, дополни низ насмевка Буфон.

Првиот бараж меч меѓу Шведска и Италија се игра вечерва во Стокхолм, додека реваншот е по три дена на „Сан Сиро“ во Милано. /МИА

Датум на објава: петок, 10 ноември 2017 во 18:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар