Грција беше казнета за скандалот за време на натпреварот Македонија - Грција одигран во Скопје на 2 август на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 17 години.
Младите грчки ракометарки со инструкциите од стручниот штаб по 32 секунди го напуштија теренот.
Раководството на грчкиот состав не беше задоволно од тоа што делегатот дозволи да се игра, а да не биде избришано името Македонија од маиците на нашиот стручен штаб.
Поради повлекувањето на репрезентацијата од теренот, ЕХФ ги додели бодовите на нашата национална репрезентација, Грција беше исклучена од шампионатот, а воедно и парично казнета со 25.000 евра.

Датум на објава: среда, 08 ноември 2017 во 16:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар