Со оваа размена Милвоки ќе се ослободи од договорот на Монро (17,8 милиони долари), кој му истекува на крајот од сезонава.

Бледсо од почетокот на сезоната е во лоши односи со клубот и изрази незадоволство, а Феникс бара екипа во која тој ќе може да ја продолжи кариерата.

Бледсо со евентуална реализација на трансферот ќе се приклучи на екипата на тренерот Џејсон Кид и на Јанис Антетокумбо. Инаку, бекот за Феникс нема одиграно натпревар од 21.октомври, а во ланската сезона на 66 натпревари имаше просек од 21.1 поен, 6.3 асистенции и 4.8 скокови. /МИА

Датум на објава: вторник, 07 ноември 2017 во 19:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар