„Брадата“ дуел го заврши со шут од поле 19-25, 7-8 за тројка и 11-12 од линијата за слободни фрлања. При тоа додаде и 13 асистенции, две украдени и седум загубени топки.

На тој начин Харден се изедначи со Расел Вестбрук на првотото место по бројот на натпревари (3) во последните три децении, на кои еден играч има повеќе од 50 поени и двоцифрен број асистенции.

Кошаркарот на Хјустон беше и на чекор до рушење на клупскиот рекорд по ефикасност кој остана во сопственост на Келвин Марфи со 57 поени.

Хјустон е лидер во Западната конференција со осум победи и три порази, Јута има половичен биланс, пет победи од десет натпревари./МИА

коментари

остави коментар