Екипите кои ја имаа фаворитската улога забележаа победи.

Единствениот триумф на домаќините го оствари тимот на ГОК Борец кој со 3:1 го совлада Лешок. На останатите средби каде се радуваа гостинските екипи, Весна Пробиштип и Вардар со максимални 3:0 во сетови ги победија Лирија  и Универзитет Тетово, додека универзитетската екипа на „Гоце Делчев“-Студент освои еден сет во мечот против Шутова (1:3).

Слободена во воведното коло беше екипата Струмица.

Кај дамите на програмата беше 3. коло во кое беа постигнаи овие резултати: Јанта Волеј - Пелистер Волеј 3:0, Куманово Планет 3:1, Македонија Макс - Универзитет Тетово 0:3, Виктори Волеј - Бами Кор 3:1 и Наковски Волеј – УГД Студент 3:0.

Максимални три победи имаат екипите на Универзитет Тетово и Виктори Волеј, но тетовчанки имаа 9, а струмичанки 8 бодови./МИА

Датум на објава: недела, 05 ноември 2017 во 11:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар