Лидерот на табелата Пелистер славеше убедлива победа над младиот тим на Вардар Јуниор со 34-23.

Вториот битолски клуб Еурофарм Работник на гости го совлада Прилеп со 19-14.

Ниту пак Охрид немаше проблеми на гостувањето во Велес кај Борец против кој охриѓани забележаа победа со 26-20.

Во последниот меч Пролет беше подобар од Радовиш со 23-17.

Слободен во ова коло беше тимот на Металург 2.

На табелата лидер е Охрид со 12 бодови, пред Еурофарм Работник, Охрид и Пролет со по 10. Следуваат Борец и Радовиш со по 7, еден помалку (6) има Прилеп на на последните две позиции се младинските состави на Металург 2 со 4 и Вардар Јуниор со 3 бода./МИА

Датум на објава: недела, 05 ноември 2017 во 10:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар