Бледата игра во првиот дел не смее да се повтори, и во наредните дуели против секој противник мора да се игра максимално ангажирано смета предводничката на вардарки Ирина Дибирова

„Ларвик има одлични ракометарки, млади но имаат добар шут од дистанца и добар контранапад. Моите ракометарки, по победата во гости со 10 гола разлика, на натпреварот почнаа малку опуштени, очекуваа дека ќе можат да одиграат со половина сила. Но, се покажа дека не може така, дека мораме да одиграме многу добро. На сите средби мора да бидеме максимално ангажирани бидејќи мора да се игра максимално против секој ривал. Ќе мора тоа да го покажеме на следната средба против ФТЦ во Унгарија“, изјави по натпреварот Дибирова.

Една од најзаслужните за оваа победа беше голманката Амандин Лејно, која средбата ја заврши со 20 одбрани, се согласи со дека овој меч бил далеку потежок од првиот на гостински терен.

„Ларвик одигра одличен натпревар. Ова беше многу тежок натпревар Играа многу добра одбрана, многу мудро. Но, и моите соиграчи одиграа квалитетно и го добивме натпреварот“, нагласи Лејно.


Во следното коло против ФТЦ Будимпешта на гостински терен ЖРК Вардар влегува со максимален учинок, четири победи на четири одиграни натпревари. /МИА

коментари

остави коментар