- Досегашниот младински претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка не ги претставуваше интересите на целокупниот граѓански сектор кои се занимава со младински прашања и младински политики во Република Македонија, се наведува во соопштението од АМС.
Во изминатиот период, како што посочуваат од Агенцијата, извршен е увид во постапката за избор на Бојана Наумовска за член во Управниот одбор на РКМС, со што се утврдило дека постојат низа нерегуларности во поглед на нејзиниот избор и статусот на организациите кои учествувале во работната група. Голем број од организациите, како што додаваат од АМС, се со неактивен статус во Централниот регистар и не ги исполнуваат јавно објавените услови.
Агенцијата за млади и спорт работи на целосна транспарентност и вклученост на младите во процесот на одлучување.
Оттаму велат дека започната е нова постапка за избор на целосно легитимен претставник во Управниот одбор на Регионалната канцеларија за младинска соработка, во која начелата на транспарентност, инклузивност и независност нема да бидат загрозени./МИА

Датум на објава: четврток, 02 ноември 2017 во 16:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар