Талентираниот 20-годишен Садецки своите врвни квалитети ги потврди со уште еден прекрасен гол и тоа во соло акција налик на фудбалскиот виртуоз Меси.
Играчот на Слован постигна еден од најубавите гол во КХЛ лигата, а негова нова „жртва„ беше голманот Локомотив од Јарослав.

Садецки едноставно со фантастичен дриблинг, во стилот на Меси, протнувајќи го пакот низ нозете на противникот го исфрли од игра, а потоа и противничкиот голман кој едноставно немаше одбрана за реализацијата на Садецки.

Ова е мајсторијата на словачкиот хокеар.


Датум на објава: среда, 01 ноември 2017 во 22:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар