Кливленд ноќеска загуби од Њујорк со 114:95 и го запиша четвртиот пораз од почетокот на НБА шампионатот.

- Не треба да паничиме. Точно е дека лошо стартувавме, но сезоната е долга и има уште многу да се игра. Се уште сме октомври. Сум бил многу пати во вакви ситуации. Најголем проблем ни е лошата одбрана и воопшто формата за која верувам дека ќе ја подобриме во брзо време. Да гледаме напред и позитивно и работите ќе си дојдат на свое место, истакна Џејмс.

Во моментов Кливленд се наоѓа на 10. место во Источната конференција со биланс три победи и четири победи. /МИА

Датум на објава: понеделник, 30 октомври 2017 во 11:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар