Еден пораз имаат уште Орландо, Сан Антонио и Мемфис.

Тимската игра на Детроит ја донесе победата и шест играчи имаа двоцифрен број поени, а Андре Драмонд дуелот го заврши со 15 поени и 17 скокови. Играчите на Детроит од средината на третиот период од негатива од 13 поени (70:57) стигнаа до победа од осум поени (95:87) со серија од 38:17.

На другите ноќеска одиграни натпревари фаворитите Кливленд и Хјустон запишаа порази.

Расел Всетбрук постигна уште еден „трипл-дабл“ (12 поена, 13 скокови и асистенции) против 29.тиот различен тим или против сите екипи во НБА лигата. „Трипл-дабл“ постигна и Де Маркус Казнс против Кливленд - 29 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Кајри Ирвинг беше најзаслужниот за победата на Бостон над Мајами откако 9 од своите 24 поени ги постигна во последните две минути.

Резултати:

Њу Орлеанс - Кливленд 123:110,

Мајами - Бостон 90:96,

Чикаго - Оклахома Сити 69:101,

Мемфис - Хјустон 103:89,

Далас - Филаделфија 110:112,

Јута - ЛА Лејкерс 96:81,

Портланд - Феникс 114:107 и

ЛА Клиперс - Детроит 87:95. /МИА

Датум на објава: недела, 29 октомври 2017 во 10:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар