Домаќините во последните три и пол минути влегоа со предност од осум поени (104:96), но не издржаа и му дозволија на Хјустон да триумфира.
Гордон беше најефикасен со 29 поени, Џејмс Харден оствари дабл-дабл 27 поени и 13 асистенции, двоен ефект имаше и Клинт Капел - 16 поени и 20 скокови.

Во поразениот тим се истакна Џејд Редик со 22 поени.

Хјустон има четири победи од пет натпревари, додека Филаделфија е со само еден триумф од пет средби. 

Датум на објава: четврток, 26 октомври 2017 во 10:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар