Во првиот денешен меч Возниацки беше убедлива против најдобарата светска тенисерка Симоне Халеп и на противничката и дозволи да освои само два гема. Возниацки мечот го доби со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2 во гемови) за 63 минути игра.
Во вториот меч денеска Французинката Каролине Гарсија по два часа и 44 минути ја совлада Елина Свитолина од Украина со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Свитолина со 7:6 во тај брекот 9:7, а следните два и припаднаа на Гарсија со 6:3 и 7:5. Во решавачкиот сет Гарсија губеше со 5:3, но направи серија од 4:0 за да го добие мечот и да ги зачува шансите за пласман во полуфиналето. Во третото коло во петок ќе играат Возниацки - Гарсија и Халеп - Свитолина.
Утре се играат мечевите од 3.коло од „белата група“. Првото место во оваа група го има обезбедено Каролина Плишкова, која ќе игра против Јелена Остапенко, додека во мечот за второто место ќе играат Гарбине Мугуруза против Венус Вилијамс.  /МИА 

Датум на објава: среда, 25 октомври 2017 во 19:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар