Откако Кармело Ентони постигна „тројка“ за водство од 113-112, домаќините ги делеа 4,7 секунди до триумф. Но, гостите од Минесота успеаја да организираат брза акција која резултираше со 3-поени, кога Вигинс погоди шут од преку 10.метри со звукот на сирената, за конечни Оклахома – Минесота 113-115.

Вигинс средбата ја заврши со 27 поени, колку што постигна и Карл Ентони Таунс. На домаќините не им поморна ниту дабл-дабл учинокците Расел Вестбрук и Ентони Адамс, како и поентерски расположениот Кармело Ентони. На крајот Вестбрук средбата ја заврши со 31 поен и 10 асистенции, Адам имаше учинок од 17 поени и 13 скокови, а Ентони постигна 23 поени.

Во Лос Анџелес, тимот на Лејкерси загуби во дуелот против Њу Орлеанс со 119-112. Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок од 27 поени и 17 скокови беше најзаслужен за оваа победа на гостите.

На првиот меч одигран синоќа Бруклин „Нетс“ ја совлада Атланта со 116-104. Дури петмина кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу Ален Краби кој средбата ја заврши со 20 поени. /МИА

Датум на објава: понеделник, 23 октомври 2017 во 11:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар