Тие се  победници во најтешката и најекстремна  „трофи“ категорија и го повторија резултатот од минатогодишното, прво трофи натпреварување, единствено од ваков вид во Македонија во организација на клубот „Офф роуд Прилеп“.

Второро и тертото место го освоија Пламен Исајев и Кирил Киров го односно Јордан Стајков и Стефан Иванов, исто така од Бугарија. Во категоријата „адвенчр“ годинашни победници се Ивица Јакимоски и Јован Мрда од Македонија.

Возачот и победник на годинашново „Мacedonian trophy“ Љубен Динев рече дека е задоволен од одличните резултати, но и од организацијата и високото ниво на натпреварувањето.

- Со најголемо задовоство учествуваме на македонското трофи. Веќе нивото на организација е многу високо, а и стандардите се меѓународни. Сето ова го доближува натпреварот до балканско трофи и се ќе направиме да влезе и да се бодува во меѓународните натпреварувања, рече Динев.


Панчо Чупаркоски, претседател на клубот „Офф роуд Прилеп“, организатор на македонското трофи натпреварување со џипови вели дека е задоволен како поминаа двата натпреварувачки дена.

- Годинашново македонско трофи натпреварување помина со многу поголем број учесници, но и бројна љубопитна публика. Имавме во двата дена околу 200 натпреварувачи од Бугарија, Грција, Србија и Македонија. Вчера се возеа 30 километри од полигонот во Старо Лагово преку селото Селце и месноста Шаторов Камен. Денеска натпреварувачите во трите категории (трофи, адвенчр и туристичката) возеа по поставената траса на полигонот од околу 4 километри. Задоволство беше што имаше голем број заинтересирани да ги следат натпреварите, многу подобра организација со високи стандарди во споредба со лани. Правилата и условите за натпреварување беа според европските стандарди. Желба и план е ова да прерасне во традиција и ова трофи да се бодува во некој од меѓународните купови, изјави Чупаркоски.

Ова меѓународно натпреварување го посетија и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за транспорт и врски Горан Сугарески.

Македонското трофи меѓународно натпреварување ја има подршката од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија и според претставникот Живка Цветкоска Андоновска, авантуристичкиот туризам привлекува голем број посетители и е сега светски тренд што  е одлично за Македонија зашто, според истражувањата 74 отсто од туристичкиот приход е за локалните заедници./МИА

Датум на објава: недела, 22 октомври 2017 во 18:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар