Британецот зад себе го остави Макс Верстапен кој постигнува се подобри времиња како наближува крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот.

Третото место е за Себастијан Фетел од Фераири, додека четвртото за Валтери Ботас. Даниел Рикардо заврши како петти, а по него беа Кими Раиконен, Фернандо Алонсо, Фелипе Маса осмиот, Серхио Перез, Естебан Окон.

Денеска од 18 часот на програмата е третиот слободен тренинг, а околу полноќ ќе се возат квалификациите.

Главната трка за Големата награда на САД ќе се вози утревечер од 21 часот по средноевропско време. /МИА

Датум на објава: сабота, 21 октомври 2017 во 11:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар