Дводневниот „Меѓународен октомврски коњички турнир“ е според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Република Македонија, а во заедничка организација на  клубовите за коњички спорт „Илинден“ и  „Процес“.

На турнирот, како што е најавено, ќе учествуваат екипи од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија. На програмата се вкупно шест натпревари во прескокнување на пречки со височина  на пречките од 0,95 метри до 1,25 метри. /МИА

Датум на објава: сабота, 21 октомври 2017 во 09:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар