Само една асистенција му недостигаше на Џејмс за трипл-дабл. Тој натпреварот го заврши со 19 поени, 16 скока и 9 асистенции.

Во поразениот тим се истакнаа Џејлен Браун со 25 поени и Кајри Ирвинг кој дебитираше за Бостон со 22 поени и 10 скока. Сепак Ирвинг кој во Селтикс дојде токму од Кавалирс го промаши последниот шут за израмнување и продолжение.

Натпреварот го одбележа и тешката повреда на Гордон Хејворд кој во почетните минути доживеа прелом на левиот скочен зглоб.

Неизвесен до самиот крај беше и вториот натпревар одигран ноќеска на кој Хјустон го победи шампионот Голден Стејт со 122:121. Џејмс Харден во последните секунди не погоди шут за три поени и со тоа не успеа да спречи пораз за „воините“. /МИА

Датум на објава: среда, 18 октомври 2017 во 17:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар