Висината на трансферот на Бразилецот во небесно-сините од Рим изнесува осум милиони евра, јави МИА.

Освојувачот на италијанскиот куп се обидуваше уште во зимскиот преоден рок да го ангажира Андерсон, но административните пречки беа причина трансферот да пропадне.

20-годишниот Андерсон за Сантос одиграл 59 натпревари и постигнал седум голови. Има три настапи за бразилската репрезентација до 20 години.

Датум на објава: вторник, 09 јули 2013 во 15:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар