РНЛ ја оправда фавористката улога против хрватскиот првак Загреб, кој само на моменти беше конкурентен тим. Македонскиот репрезентативец во дресот на РНЛ Филип Талески постигна еден гол, а имаше и две исклучувања. Најефикасен на дуелот беше Хендрик Пекелер (РНЛ) со осум голови, а Жарко Марковиќ (Загреб) постигна 7. На дуелот одигран во средата Висла - ПИК Сегед 27:33.

РНЛ е прв на табелата со осум бодови, Вардар, Барселона и ПИК Сегед имаат по седум, Нант три, Загреб два, Висла еден, Кристијанштад еден.

На вториот дуел одигран синоќа Кадетен Шафхаузен го совлда Скјерн со 25:24, иако на полувреме губеше со 13:9.

Македонските екипи дуелите од 5. коло ги играат утре. Вардар е домаќин на Барселона, а Металург гостува кај Чеховски Медведи. /МИА

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 11:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар