На средбата во Истанбул, Реал Мадрид забележа триумф над Анадолу Ефес со 88-74, додека во Москва, очекувано ЦСКА славеше победа над Армани Милано со 93-84.

Во воведното коло вечерва се играат и средбите Бамберг - Макаби Тел Авив и Олимпијакос – Басконија, како и дуелот во Виторија во кој Уникаха го пречекува бранителот на шампионскиот трофеј Фенербахче.

Преостанатите три натпревраи од првото коло ќе се играат утре, а во нив се среќаваат: Химки – Валенсија, Жалгирис - Црвена звезда (од 19 часот) и Барселона – Панатинаикос (21)./МИА

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 21:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар