Во рамките од 5.коло шахистите на Алкалоид славеа победа против италијанската екипа Обиетиво Падова со 5,4-0,5.
Освен Дмитри Јаковенко, кој одигра реми против Валсеки, полн поен, односно победи остварија: Лирен Динг, Дмитри Андреикин, Јангји Ју, Јуриј Криворучко и Павел Ељанов.

Вториот македонски претставник Гамбит Асеко е поразен со 1-5 во мечот против Баја Маре од Романија. Единствената победа ја оствари Дејан Динев, кој на шестата табла со бели фигури го совлада Попески. Порази претрпеа: Петар Г. Арнаудов, Никола Николовски, Орце Данчевски и Марјан Митков.

По пет одиграни кола Алкалоид сега е на третото место на табелата со 23,5 поени./МИА

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 21:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар