- Откако го запознав претседателот Чеферин сфатив колку многу го сака фудбалот и неговата работа. Тој е многу сериозен во врска со она што тој го прави, а јас му се заблагодарам за можноста да соработувам со него. Кога во 1990 година почнав да играм фудбал професионално, не ни сонував дека еден ден ќе работам во УЕФА со самиот претседател, рече Фиго.

Чеферин не го криеше задоволството од соработката со Португалецот.

- Фиго беше фантастичен фудбалер. Вистински пример не само на теренот, туку и надвор од него. Огромното неговото искуство ќе биде корисно за нашиот тим, изјави претседателот на УЕФА. 

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 09:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар