Минималната предност од првиот дел кошаркарите на Левски ја зголемија во третата четвртина, а кумановчани во последниот период имаа неуспешен обид да го преземат водството.

Најефикасен на дуелот беше Веселин Веселинов со 23 поени и 9 скокови, кај Куманово најефикасен беше Немања Миљковиќ со 17 поени.
Вториот македонски тим во ова натпреварување Блокотехна од Гевгелија вчера постигна убедлива победа.

На другите дуели од 1.коло вчера: Ибар - Академик 83:94 и Блокотехна - Тирана 100:68, додека Башкими и Рилски Спортист играат на 7.декември./МИА

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 19:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар