Како што се наведува, Перез е подготвен во Лондон да ги прати Герет Бејл, Лука Модриќ и Карим Бензема, за во својот тим да го добие Кејн.

Англискиот репрезентативец е во одлична форма и со своите игри го импресионира првиот човек на „кралскиот клуб“.

Доколку не успее оваа „трампа“ на Перез му останува другата опција, а тоа е да ја плати откупната клаузула која чини 200 милиони евра.

Реал сака со ангажирањето на 24-годишниот Кејн на подолг рок да се обезбеди со врвен голгетер./MИА.

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 12:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар