Јамајчанецот кој е единствениот спринтер со одбранети титули на 100 и 200 метри на три последователни Олимпијади, стави крај на кариерата по светското првенство во Лондон.

Номинирани атлетичари: Мутас ЕСА Баршим (скок во височина), Павел Фајдек (фрлање кладиво), Мо Фара (трчање), Сем Кендрикс (скок со стап), Илајџа Манангој (трчање), Луво Манонга (скок во далечина), Омар Маклид (трчање со пречки), Кристијан Тејлор (трискок), Вејд ван Нијкерк (спринт) и Јоханес Фетер (фрлање копје).

Номинирани атлетичарки: Елмаз Ајана (трчање), Анита Влодарчик (кладиво), Марија Ласицкене (скок во височина), Хелен Обири (трчање), Сали Пирсон (пречки), Сандра Перковиќ (диск), Бритни Ријс (скок во далечина), Кастер Семенја (спринт), Екатерина Стефаниди (скок со стап) и Нафисату Тиам (седмобој).

Церемонијата на прогласување на најдобрите е закажана за 24 ноември. 

Датум на објава: вторник, 03 октомври 2017 во 10:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар