За Ферстапен ова е втора победа во кариерата, првата ја оствари во Шпанија минатата година.

Второто место му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес кој не ја искористи пол-позицијата, но е задоволен и со овој пласман, бидејќи ја зголеми предноста во Генералниот пласман пред најголемиот конкурент Себастијан Фетел од Ферари.

Фетел и покрај тоа што трката ја почна од последната позиција, на крајот стигна до четвртото место, а третото беше за Даниел Рикардо.

Најголем „трагичар“ денеска беше Кими Раиконен од Ферари кој имаше проблеми со моторот и наместо на втората стартна позиција, неговиот болид остана во боксот.

Пласман од петтото до десетто место и бодови уште освоија и: Ботас (Мерцедес), Перез (Форс Индија), Вандорн (Мекларен), Строл (Вилијамс), Маса (Вилијамс) и Окон (Форс Индија).

Во Генералниот пласман води Хамилтон со 281 бод, пред Фетел со 247 и Ботас со 222. /МИА

Датум на објава: недела, 01 октомври 2017 во 12:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар