Македонија сега се наоѓа на 103.место и е на чекор до враќање во најдобрата „стотка“. Подобрениот пласман во однос на августовското рангирање, се должи на победата над Израел и ремито со Албанија во седмата и осмата рунда од Мундијалските квалификации.

Од противниците во квалификациската група на „црвено-жолтите“ најдобро котира Шпанија (11. место), потоа следува Италија која е на 17.место, Албанија е 66-та, Израел е на 82. место, а најслаб е Лихтенштајн кој се најде на 187-та позиција.

Промена има и на врвот. Нов лидер е Германија, втор е Бразил, а трета е Португалија. Во ТОП 10 светски фудбалски сили уште се: Аргентина, Белгија, Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 16 октомври./МИА

коментари

остави коментар