Вест Хем го совлада новиот премиерлигаш Хадерсфилд, тим кој го претрпе првиот пораз, а според англиските медиуми, Билиќ по овој триумф се спаси од отказ.

За разлика од Билиќ, Холанѓанецот Франк де Бур ја изгуби тренерската функција во Кристал Палас, откако тимот што го предводеше ги загуби сите четири средби оваа сезона.

Со трите бода Вест Хем избега од дното на табелата и сега е 18. во друштво на едно место погоре пласираниот Лестер.
Хадерсфилд со 7 бода е на делба од 5-9. позиција. 

Датум на објава: вторник, 12 септември 2017 во 08:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар