- Една од најважните причини зошто дојдов тука е дека сакам да му помогнам на клубот да пишува историја. Трофејот од Лигата на шампионите не е единствениот кој сакаме да го освоиме, но е многу важен. Овој клуб во моментов е на такво ниво. Верувам дека сме способни да се искачиме на тронот. Не само затоа што составот е многу квалитетен, но и затоа што е доволно искусен. Имаме многу играчи кои знаат како се освојува ЛШ, изјави Нејмар.
Од редовите на ПСЖ досега европски шампиони биле Дани Алвеш (три пати), Тиаго Мота (два пати) и Анхел ди Марија.

Нејмар го коментираше и неговиот рекорден трансфер што го чинеше ПСЖ 222 милиони евра и направи најскапиот фудбалер е историјата на фудбалот.
- Трансфер сумите немаат ништо заедничко со играчите. Се што ние сме заинтересирани, е да играме за клубови, кои ќе бидат одличен предизвик и каде можеме да имаме успеси. Сумата е бизнис меѓу двата клуба, играчите едноставно сакаат да се концентрираат на фудбалот , потенцира Нејмар. 

Датум на објава: понеделник, 11 септември 2017 во 13:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар