Шпанскиот тенисер ја оправда улогата на фаворитот во финалето на против Кевин Андерсон и убедливо триумфираше во три сета.

- Ова беа посебни две недели за мене. Но, пред да почнам да зборувам за себе, сакам да му честитам на Кевин. Тој е одличен пример за децата и за другите на АТП турнејата дека е можно да се врати по повреда во најдоброто издание, рече Шпанецот по новата грен слем титула.
Надал го освои третиот УС Опен, по триумфот на 2010 и 2013 година. Ова му е петти трофеј оваа година.

- Што се однесува до мене лично, ова е неверојатно. По неколку години во текот на кои имав проблеми со повреди, од почетокот на оваа година, беше многу емотивно. Од отворањето на Австралија, играм тенис на високо ниво. Освојувањето титула овде во Њујорк ми дава голема енергија, бидејќи публиката тука е неверојатна. Тие ме направија толку среќни, додаде Шпанецот по освојувањето на третиот УС Опен. 

Датум на објава: понеделник, 11 септември 2017 во 10:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар