Ова е потврдено по медицинските прегледи извршени врз Бензема кој поради повреда предвреме го напушти теренот.

- Тестовите покажаа дека Бензема ја има истегнато тетивата на десната нога. Сега го очекува закрепнување, информираат од Реал Мадрид.
Најоптимистичките прогнози се дека Французинот ќе с еврати на натпреварите за четири недели, но тој вид на повредата може да бара и шест седмици закрепнување.

Реал покрај Бензема во следните дуели нема да може да смета ниту на Марсело кој вчера доби црвен картон во ремито (1:1) со Леванте./МИА.

Датум на објава: недела, 10 септември 2017 во 16:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар