Противник ќе му биде екипата на Еурофарм Работник од Битола, финалист во последното издание на Купот на Македонија.
Од оваа сезона и во македонскиот ракомет ќе се игра Супер куп на двата тима што ги освоија трофеите. Но, бидејќи Вардар е освојувач на двојната круна, во првенството и Купот, наш ривал ќе му биде финалистот од Купот.

Во иднина Супер купот треба да стане традиција и да се игра пред почетокот на новата сезона во домашното првенство. А тоа во Македонија почнува следниот викенд. Вардар не учествува во првиот дел од првенството бидејќи настапува во регионалната СЕХА лига.

За Вардар овој ревијален натпревар ќе биде последна проверка пред гостувањето во Полска кај тимот на Висла Плоцк во рамките од првото коло на групната фаза од Лигата на шампионите./МИА. 

Датум на објава: недела, 10 септември 2017 во 14:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар