- Ги почнавме преговорите. На мене е да одиграм добра сезона, а како ќе се одвиваат работите околу мојата фудбалска иднина ќе видиме. Во секој случај, да останам или не во Барселона, овде ќе биде мојот дом засекогаш, изјави Иниеста.
Тој додаде дека ќе ги разгледа сите можности и дека сега ќе се фокусира на својата работа.
Шпанските медиуми шпекулираат дека интерес за Иниеста покажува Јувентус и поради тоа шпанскиот репрезентативец се уште нема ставено потпис за продолжување на соработката со каталонскиот клуб./МИА.

Датум на објава: недела, 10 септември 2017 во 13:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар